|
ИНПЕКС е основан на 19.03.1990 год и успешно постои веЌе 15 години.Во моментот на основањето имаше 2 вработени, да постепено го зголемуваше својот број и денес има 12 стално вработени. Соработува со повеЌе фирми на кооперански сѕстем. Своите почетоци ги прави во надворешната трговија. Во тој период и постоењето на југословенскиот пазар успешно работи во доменот на увозот но исто така и извоз на производи во други земји и воспоствува трговски односи со Франција, Грција, Турција, Бугарија, Тунис, Либија и Алжир. Од 1991 год Инпекс го започнува својот втор сегмент во работењето-фотографијата која како дејност постои и до денес. Основопложник е на новиот компјутеризран начин на изработка на колор фотографии во Македонија а воедно и овластен дистрибутер за Македонија на светски познатата фирма за фотографска опрема - Nikon.
Од 1996 Инпекс ги прави своите први чекори во дигиталниот печат во голем формат набавувајЌи го првиот плотер Encad со работна широчина од 152 см и брзина од 2 м2 на час. Првите чекори ги прави во надворешното рекламирање во соработка со двата провајдера кои се појавуваат во тој период - Akzent Media и Eurolinija, изработуваЌи ги и првите ситилајти и билборди во Македонија.
Во 2001 год Инпекс ја набави својата прва професионална машина за изработка на билборди, ситилајти и други реклами во голем формат NUR, која користи солвентни бои стабилни до 3 години на сите надворешни влијанија. Капацитетот на оваа машина беше до 45 м2/час и работна широчина од 160 цм.
Зголемениот обем на работа ја наметна неопходноста од проширување и зголемување на своите капацитети со набавка на две нови машини од истиот производител NUR – Fresco II и TEMPO .
Инпекс денес печати: Билборди, мегалајти, ситилајти, постери, банери, брендирање на возила, излози, светлечки реклами, реклами на фризидери, телевизиски позадини...
|